Murat Paksoy
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Репубила Турција, Бинали Јилдирим, денес во Истанбул изјави дека Европската Унија не е доволно активна во решавањето на меѓународните проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес имаше обраќање на отворањето на „TRT World Forum“ во Истанбул кој се одржува со цел барање решение за актуелните глобални проблеми и предизвици во областите на културниот, политичкиот, економскиот и социјалниот живот.
„Европската унија (ЕУ) не е доволно активна во решавањето на меѓународните проблеми. Денес, сѐ повеќе ја гледаме Европа затворена во сопствените граници, која не сака да се соочи со проблемите и ги подига ѕидините околу себе, колку што може. Имаме Европска Унија која се однесува на начинот ‘змијата која мене нема да ме допре, нека живее 1.000 години’. Пристапот на ЕУ кон постоечките светски проблеми е далеку од изнаоѓање решение за нив. Голем број светски проблеми коишто имаат економски и социјални корени, неповолно се развиваат бидејќи ЕУ недоволно ја чувствува нивната тежина“, истакна Јилдиирм.