Duygu Yener
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим истакна дека одлуката на австриските власти за затворање на седум џамии и протерување на имами во оваа земја е крајно погрешна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Крајно е погрешна одлуката која е спротивна на нормите на меѓународното право, вредностите на ЕУ и правата на малцинските заедници“, изјави Јилдирим во обраќањето на ифтарската програма со вработените на Турк Телеком во Анкара.
„Како на вакви земји на ЕУ, официјалните претставници со ваков начин на размислување, ќе им се довери Унијата? Го оставам тоа на Европјаните да го проценат. Навистина ме интересира што ќе предложат како визија и цели на Унијата оние кои не ги толерираат луѓето кои мислат поразлично од нив и кои припаѓаат на некој друг регион“, изјави Јилдирим, потсетувајќи дека Австрија од 1 јули ќе го преземе од Бугарија шестмесечното претседавање со ЕУ.
Турскиот премиер се осврна и на внатрешните прашања на неговата земја, истакнувајќи дека Турција во претходните 15 години не реализирала големи инвестиции само во областа изградба на автопатиштата, аеродромите, морските пристаништа и брзите возови туку и во областа на модерната технологија и ИТ секторот.
Јилдирим додаде дека Турција во последните години бележи економски раст кој никако не е за потценување.
„Клучно е што тоа сето го постигнавме во период од само 15 години. Турција работи се што е во нејзина моќ за и понатаму да напредува“, изјави Јилдирим, напоменувајќи дека посебен напредок е постигнат по прашањето изградба на инфраструктурата.
„Турција во 2002 година беше на 39. место во светот во поглед развој на инфраструктурата, додека кон крајот на 2017 година, како резултат на зголемените вложувања, дојде на висока 9.позиција“, изјави Јилдирим.