Barış Gündoğan
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ЕЛАЗИГ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим одговори на зборови данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, кој вчера изјави дека Турција се топи под режимот на Ердоган. Јилдирим рече дека турскиот режим за кој зборува Расмузен се вика демократија, јавува Andolu Agency (AA).
Јилдирим зборуваше во турскиот град Елазиг, на церемонијата на отворање на учебната година на Универзитетот Еуфратот, а во таа прилика се осврна за тековните настани. Јилдирим одговори на вчерашните зборови на данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.
„Сведоци сме дека денеска една по друга доаѓаат изјавите против Турција. Вчера од Европската унија (ЕУ), данскиот премиер изговори многу бесмислени работи. 'Турција се топи под режимот на Ердоган, како да влезе во ЕУ?' Кој си ти? Зарем вие можете да кажете нешто за Турција и за претседателот на Република Турција? Турскиот режим е демократија, република. Турција, со силата што ја црпи од минатото, сигурнo чекори кон иднината. Во таа смисла, никој нема право да ја критикува Турција?", рече Јилдирим.
Тој, исто така додаде дека никој нема право да ја преиспитуваТурција дали е од Европа или од Азија и рече:
„Турција е во центарот на Европа, но исто така е во центарот на Азија, нејзината географска положба и нејзината култура, и така ќе биде и во иднина. Тоа што ги мачи и што сакаат, е да ја задржат Турција што подолго надвор. За нив вознемирувачки факт е дека нашиот претседател има решителен став, дека Турција сама ги донесува своите одлуки и дека е многу стабилна во својот развој".
Осврнувајќи се на најновите случувања во Ирак, Јилдирим рече дека и Мосул и Киркук треба да останат на своето место.
„Мосул и Кирукук да останат таму каде што се. Нека живеат сите таму убаво. Ние продолжуваме со нашите напори да ја уништиме терористичката организација на ПКК, која го нарушува мирот таму, што ги уништи животите на невини луѓе што живеат таму. Решително ќе ја продолжиме нашата борба против терористите кои го нарушуваат нашето братство, заедништвото и единството", рече турскиот премиер Јилдирим.