Güç Gönel,İsmail Özdemir
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул учествуваше на Меѓународниот форум на цивилизации, организиран од страна на Универзитетот Ибн Халдун со наслов „Една од целите на религијата е да ја сочува цивилизацијата. Во своето обраќање на форумот претседателот Ердоган порача дека светот е поголем од петте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), како и дека условите на Втората светска војна остануваат зад нас и оти денес постои нов свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган им се заблагодари за присуството на сите учесници кои со своите мисли и дебати ќе го дадат свој придонес на форумот.
- „Стилот и димензиите на исламсака цивилизација се различни”
Претседателот Ердоган зборувајќи на форумот истакна дека една цивилизација не се одредува според инфраструктурата, туку мотивациското движење во кое се наоѓа.
„Во обликувањето на цивилизацијата, важните фактори се науката и технологијата, но доколку ги занемарите вербата и социјалната солидарност, она што ќе произлезе, според нас не е цивилизација. Од тој аспект стилот и мерките за цивилизација на западниот свет се разликуваат од исламските. На пример, еден град, според западните стандарди е цивилизиран и модерен доколку на неговите патишта има осветлување, а собоено внимание се обраќа да нема кал на патиштата, додека според исламските стандарди, еден град е цивилизиран доколку излегувате од дома без да ја заклучите вратата, доколку му се пружи помош на секој на кој има потреба од тоа, се однесувате со љубов и кон уличните животни. Во нашата цивилизација, тоа е цивилизираност. Но за жал, ние на друг начин западнавме во оваа стапица. Градењето на 40 и 100 катници вас не ве прави цивилизирани, но морам да кажам дека во ова стапица и ние паднавме”.
- „Трамп треба тоа да го постави на маса”
Претседателот Ердоган се осврна и на однесувањето и изјавите кои ги дава претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавувајќи:
„По мое мислење, почитуваниот Трамп кон цивилизацијата се однесува како кон форма, Ние во нашето разбирање и свест не ги затворивме вратите за луѓето со различни мисли. Ако САД влегол во пресметки за депортација на муслиманите, тоа значи дека во Америка постои некаков проблем. Трамп прво треба тоа да го постави на маса. Во нашите цели, ние човекот го гледаме како најчесен меѓу создадените. Но, колку што можам да видам, во Америка не е така и таквата состојба создава проблеми”, порача Ердоган.
- „Сè уште го бранам сојузот на цивилизациите”
Ердоган потсети дека заедно со Шпанија се основачи на Сојузот за разбирање меѓу цивилизациите во Обединетите нации и истакна дека сè уште го брани сојузот меѓу цивилизациите.
Зборувајќи дека стои покрај сојузништвото, Ердоган изјави: „Ние сме нација која единството го најде на теренот. Ние сме членови на разбирањето. Штом ние можеме да се обединиме, тогаш и тука можеме да влеземе со поединечен предлог. Потребно е да направиме тие чекори. Тоа наиде на големо одобрување. Голем број земји се приклучија кон тоа. Во моментов 114 земји од светот го поддржуваат чекорот кој го направивме”.
Претседсателот Ердоган, зборувајќи на Меѓународниот цивилизациски форум, ја истакна потребата од „ажурирање” на Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Нашиот приговор на тоа дека светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, покрај димензијата на повик за правда, воедно е и крик на цивилизација. Што значи дека светот претставува пет земји, дали е такво нешто возможно? Условите на Втората светска војна, на една страна, денешните услови на друга страна. Пет земји ја одредуваат судбината на целиот свет. Резултатот на она што тие го велат. Втората светска војна остана зад нас, денес имаме еден друг свет. Како што сè се ажурираше, неопходно е да се ажурира и судбината на политиката по ова прашање" , порача Ердоган.
Зборувајќи за борбата против тероризмот, Ердоган истакна дека неговата земја води најголема борба против терористичката организација ДЕАШ.
„Ние сме земја која води најголема борба против ДЕАШ. Зборувајќи за таа борба, велиме дека ДЕАШ нема никака врска со исламот. Тоа го повторуваме на секој меѓународен состанок”, рече Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека исламската цивилизација е сила која може светот да го одржува хуман.
„Тој факт не можат да го изменат терористичкитие организации како што е ДЕАШ, Ал Каеда или Боко Харам, но ниту неправдата која на сопствените заедници им ја нанесуваат оние кои со нив владеат. Скапоцениот камен не ја губи својата вредност доколку падне во кал”, рече турскиот претседател Ердоган.