Barış Gündoğan
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Анкара изјави дека останало многу малку до завршувањето на сите активности на терористичката организација ПКК во рамките на границите на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со леснотија можеме да кажеме дека терористичката организација ПКК веќе никогаш нема да има можност за опоравување. Остана многу малку до завршувањето на активностите на таа терористичка организација во земјата“, рече Јилдирим.
Премиерот на Турција нагласи дека безбедносните сили на земјата немаат намера да спијат во зимски сон.
„И во секој дел од земјата, град, на планина, секаде и во секое време, ќе ги следиме подлите терористи за да не им се дозволи да се организираат за време на зимата“, додаде тој .
Јилдирим истакна дека Турција во областа на одбранбената индустрија, 65 отсто се потпира на националните капацитети.
„Секторот за одбранбената индустрија бележи раст од една на шест милијарди долари, а бројот на проектите во областа на нашата одбранбена индустрија е зголемен од 66 на 553“, изјави Јилдирим.