ИСТАНБУЛ (АА) – ЛЕВЕНТ ТОК / МУХАМЕД МИСТО – Оружјето што Централната команда на американските сили (CENTCOM) ѝ го даде на ПЈД/ПКК за борба против терористичката организација ДЕАШ, од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК се чува во 13 главни магацини коишто се распоредени на окупираните територии под нивна контрола. Оружјето потоа од овие магацини им се дели на членовите на терористичката организација.
Новинарите на Аnadolu Agency (AA) од отворени извори и од доверливи локални извори кои се наоѓаат на територијата под окупација на ПЈД/ПКК, дојдоа до податоци спорeд коишто ги дефинираа правците за транспорт на оружје и локациите на магацините за оружје на терористичката организација, формирани во северниот дел на Сирија.

Според тоа, воената помош што ПЈД/ПКК ја добива од ЦЕНТКОМ, oд април 2016 година наваму, до неа се дистрибуира преку граничниот премин „Симелка“ на сириско-ирачката граница и американските воени бази „Румејлан“ во Хасеке и „Хараб Ишк“ источно од Алепо.
Организацијата преку преминот „Симелка“ ги префрла тешкото вооружување, борбените оклопни возила отпорни на мини, танкери со гориво и монтажни контејнери коишто се користат за воени цели, во магацините што се на територијата контролирана од страна на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY). Во операциите за вооружување на терористичката организација, ЦЕНТКОМ ги користеше воздушните патишта за транспорт на лесно оружје и муниција, додека преку копното воглавно транспортираше тешко вооружување, оклопни возила и танкери со гориво.
- Два правца водеа кон магацините во Хасеке
Оружјето и муницијата што преку копно и воздух влегуваше во Хасеке, преку два правца напредуваа до терористичката организација. Тешкото вооружување, оклопните возила и танкерите со гориво коишто пристигнуваа преку копно, беа прераспределувани во точки околу реката Еуфрат. Оружјето, пак, кое од Ербил, по воздушен пат пристигнува во воената база „Румејлан“, се испраќа во 3 магацини во Хасеке, и во магацините во појасите Дирбасије, Тел Бејдер и Дерил.
Различното оружје, муниција и возила кои по копнени патишта беа транспортирани во подрачјата контролирани од ПЈД/ПКК, пристигаа во главните магацини во Харап Ишк и во Челебије, врвејќи по автопатот број 6 преку Хасеке и Камишли, и по транзитниот пат М4, кој се простира од Симелка до Алепо. Овие два магацина, во исто време се познати како најголеми магацини на територијата што ја контролира терористичката организација.
Оружјето што се допремува до американската воздухопловна база во местото Сирин, која минатата годинана беше изградена на брегот од реката Еуфрат, терористичката организација го префрлува во магацините во Харап Ишк и во Челебије. Оружјето коешто по копнен пат од Симелка и по воздушен пат преку Сирин се дистрибуира до двете главни точки, се распределува во различни магацини кои се наоѓаат во Кобани, Тел Ебјад и во Сулук.
- Работилници за производство на муниција и магацин во Африн
Во градот Африн, кој се наоѓа во подрачјето на Алепо, наспроти турскиот град Хатај на сириско-турската граница, постојат работилници на терористичката организација во коишто се изработуваат муниција и минофрлачки гранати, а во некои работилници за леење железо се изработува топовска муниција.
Трговски транспортни камиони тргнувајќи од Хасеке, кој се наоѓа на истокот од земјата, минуваат низ територијата контролирана од страна на режимот на Башар ал Асад, носејќи суровини за работилниците во Африн. Овие транспортни камиони носат соодветно железо, челик и потпалувачки материјали кои се погодни за изработка на муниција.
Еден дел од произведената муниција се крие во подрачјето на градот, додека преостанатиот дел се испраќа на териториите окупирани од страна на организацијата.
- И Деир ез-Зор се вооружува
ЦЕНТКОМ, под изговор дека ја помага борбата против ДЕАШ, ја вооружува ПЈД/ПКК и во подрачјето на Деир ез-Зор. Терористичката организација го добива оружјето по копнени патишта. Воениот транспорт кој доаѓа преку граничниот премин „Симелка“ на ирачко-сириската граница, се префрлува во појасот Ел Хул во подрачјето на Шедади, јужно од Хасеке, и тука се чува во местото наречено Зона 47.
- И американските бази се воени магацини
Американските безбедносни институции, покрај обезбедувањето воена помош, со околу 2.000 војници, на 10 точки имаат активна соработка со терористичката организација. Поголемиот дел од базите што се наоѓаат долж патот М4, кој се протега од ирачката граница до Алепо, се меѓу точките од коишто им се префрлува оружје на ПЈД/ПКК.
Преку воздухопловната база Румејлан, центрите за сместување на ЦЕНТКОМ во Тел Бејдер, Шедади Џибсе на северот од Сирија. во коишто се распределени нејзините воени сили и експерти, и воените бази во Сирин, Харап Ишк, Ајнулараб и Тел Ебјад, во исто време се користат и како магацини на терористичката организација ПЈД/ПКК.
Освен овие бази, војниците и експертите на ЦЕНТКОМ распределени во местото Ајн Иса, кое се наоѓа северно од Рака, на различни точки на територијата контролирана од терористичката организација, на членовите на ПЈД/ПКК им даваат обука за користење на повеќеракетни фрлачи, топови и проектили копно-копно.
Гo складираа оружјето без да гo употребат. Сѐ уште не е употребен поголем дел од оружјето и муницијата што ЦЕНТКОМ ѝ ги даде на терористичката организација под изговор за борба против ДЕАШ.
Според информациите до коишто дојдоа новинарите на АА, неупотребената воена помош се крие во местото Харар Ишк, кое се наоѓа на 21 километар од границата со Турција.
Како дел од оружјето и возилата коишто ѝ беа предадени на ПЈД/ПКК има и повеќеракетни фрлачи и ракетни рампи, 80 и 120 мм минофрлачи, фрлач на гранати „MK19“, пешадиски пушки „M4 Cabrine“ и „M16“, противтенковски проектили „BGM-71 TOW“ од американско производство, воени возила од типот „Humwee“, воено оклопно возило за транспорт на лица „Cougar“, беспилотни летала за набљудување и противтенковски проектили „FGM-148 Javelin“, кои Турција повеќепати ги порачуваше, но тие не ѝ беа продадени на Турција.