СКОПЈЕ (АА) – Република Македонија на 19 ноември донесе одлука за примена на селективен пристап кон мигрантите, откако овие мерки ги донесоа Хрватска, Словенија и Србија. Според селективниот принцип, македонската јужна граница можат да ја поминат само бегалите кои доаѓаат од Сирија, Ирак и Афганистан, бидејќи тоа се земји во кои се војува, додека мигрантите кои доаѓаат од другите земји како што се Бангладеш, Пакистан, Иран, Мароко и други земји се сметаат за т.н “економски мигранти” кои своите земји ги напуштиле поради економски причини, пишува Anadolu Agency (AA).
Ова предизвика да стотици мигранти кои не доаѓаат од земјите во кои не се војува, повеќе од една недела да останат заглавени на самата линија на македонската јужна граница.
Поради новонастанатата состојба со бегалската и мигрантската криза со заеднички став излегоа УНХЦР , Интернационалната организација за миграции и УНИЦЕФ, укажувајќи дека мигрантите коишто доаѓаат од земјите каде што моментално не се војува, можат да останат заглавени на македонската јужна граница, при што ќе бидат соочени со голем број проблеми.
Според, претставникот на УНХЦР во Македонија, Мохамед Ариф, мигрантите може да се квалификуваат врз основа на ситуацијата во нивната сопствена земја но и дека се работи за комплексно прашање, кое треба да има правилна истрага и правилен процес за тоа кој е чисто, само, економски мигрант, а кој барател на азил и бегалец.
“Терминот економски мигрант за нас е оној кој ја напуштил својат земја или местото на потекло, порaди економски причини. Тоа значи дека таа/тој не може да живеат во тоа место поради економски причини, или би сакале да имаат подобар живот на друго место. Така, секој кој го напушта своето место со цел подобрување на својата економска спстојба, би го нарекол екомонски мигрант” , вели во разговор за АА, Мохамед Ариф, претставникот на УНХЦР Македонија, објаснувајќи го терминот економски мигрант. Тој вели дека бројот на оние миганти кои доаѓаат од земјите кадешто момементално не се војува не е мал, потрестуваќи притоа дека 70 отсто од оние што транзитираат, се од земјите со конфликт.
“Тука се и мигрантите. Доколку некој аплицира за азил, доаѓа од места каде нема воени жаришта, како Иран, Пакистан, Алжир, Египет, но тоа не значи дека таму луѓето немаат проблем со протерување, бидејќи постојат политички разлики меѓу луѓето во одредени земји, одредени луѓе неможат да живеат, се подложани на протерување од страна на Владата и лицето ја напушта државата и бара заштита во друга држава”, објаснува Ариф.
Од почетокот на рестриктивното пуштање кое започна од 19 ноември низ Македонија имаат поминато окoлу 20 илјади бегалци, вели во разговор за АА, Ангел Кочев од Здружението на млади правници. Тој кажува дека расте бројот бегалци кои поднеле барање за азил.
“Да направам една паралела. Ако во септември имавме околу 20 барања за азил, во октомври 28 барања, од 18 ноември до 25 ноември има 27 барања за азил. Што значи дека бројката е покачена од кога е воведена рестриктивната мерка од страна на Република Македонија”, вели Кочев.
Кочев смета дека доколку Македонија одлучи да ги затвори границите за мигрантите и бегалците, ќе има голем проблем, од аспект дека мигрантите ќе имаат поголема потреба од засолниште поради тешките и лоши временски услови кои следуваат наредниов период.
“Ќе имаат поголема потреба од храна, вода, облека, лична хигиена. Ако почне да расте бројот на економски мигранти кои нема да можат да ја поминат границата, тогаш ќе треба да порасне и бројот на полицијата која ќе го обезбедува граничниот премин”, вели Кочев.
Затворањето на границата би значело и растење на тензиите бидејќи бегалците се повеќе ќе го губат своето трпение што би било причина за предизвикување на несакани конфликти.
Јасмин Реџепи, хуманитарец, граѓански активист, претставник на хуманитарната невладина организација “Легис” од Скопје, вели дека за понатамошен развој на бегалската и мигрантската криза се можни три сцеарија поради новонастаната ситуација. Реџепи смета дека повторно ќе се случи мигрантите кои не се пропуштаат да ја поминуваат границата легално , ќе се обидат да го направат тоа на илегален начин.
Сите овие останати нации ќе најдат повеќе начини за преминување на границата. Еден од нив е Грција да ги земе и да ги смести во своите прифатни центри. Друг можен сценарио е мигрантите да се обидат да ја поминат македонската граница како што правеа пред 18 јуни, пред да бидат донесени измените на Законот за азил, кога не им беше дозволено да транзитираат низ земјата. Тоа значи дека овој закон нема да важи за нив и тие ќе се обидат на илегален начин да ја поминат границата” , смета Реџепи.
“Поминувајќи ја границата ќе бидат фаќани и ќе бидат ставани во новите центри коишто под притисок на Европа нашата влада мора да ги изгради во државата.Истите ќе бидат сместени во повеќе градови, нема да бидат само во овие транзит центри коишто ги имаме моментално, што значи ќе се градат нови капацитети и тие ќе бидат исполнувани со овие илегални мигранти како што ги нарекуваат додека бегалците, Сиријците, Ирачаните и Авганистанците, најверојатно, бидејќи на нив не смееме да им ги ограничиме правата сеуште, тие ќе бидат пуштени да продолжат понатаму” , вели Реџепи, кажувајќи дека едно од можните сценарија е промена на рутата на бегалците.
“Третото сценарио е тоа дека ќе ја сменат рутата, односно дека ќе продолжат да поминуваат кон Албанија значи од Грција да ја заобиколат Македонија, а од Албанија со автобуси да се пренесуваат за Црна Гора и Хрватска, но и тука се гледа еден проблем, а тоа е дека и тие земји дел од нив, ќе мора да ги задржат на својата територија, останува времето да покаже да видиме на кој начин работите ќе се одвиваат во иднина” , рече Реџепи, објаснувајќи дека невладините организации сега ќе мора да ги активираат мобилните тимови коишто ги причекуваат илегалните мигранти кои ќе пешачат низ државата, потсетувајќи дека може да се случи тие повторно да бидат мета на криминалните групи.
news_share_descriptionsubscription_contact
