Јубилејни голови на светските првенства
- Првиот гол на еден светски фудбалски турнир го постигна францускиот репрезентативец Лисјен Лоран, додека последниот гол го постигна Хрватот Марио Манџукиќ на Светското првенство во Русија 2018 година.
ИСТАНБУЛ
Првиот гол во историјата на светските првенства го постигна француски фудбалер, а последниот погодок е дело на хрватски фудбалер, пишува Агенција Анадолија (АА).
Првиот гол на еден светски фудбалски турнир го постигна францускиот репрезентативец Лисјен Лоран од Франција на средбата против Мексико, натпревар кој се одигра во Монтевидео, главниот град на Уругвај, на 13 јули 1930 година.
Последниот гол го постигна Хрватот Марио Манџукиќ на Светското првенство во Русија 2018 година. Погодокот на хрватскиот репрезентативец во финалниот натпревар е 2.548 гола на светските првенства, но тој не беше доволен за освојување на шампионската титула.
Шкотланѓанецот Боби Колинс го постигна 500. погодок на светските првенства во 1958 година. Илјадитиот гол е дело на Холанѓанецот Роб Ренсенбринк во 1978 година, 1.500. погодок го постигна Аргентинецот Клауди Каниџа во 2000 година, а Швеѓанецот Маркус Албак 2000. гол го постигна во 2006 година. Две илјади и петстотиниот гол на светските првенства го постигна Тунижанецот Фахредин Бен Јусеф во 2018 година.
Листа на фудбалери кои ги постигнаа јубилејните погодоци на светските фудбалски првенства:
Гол | Фудбалер | Земја | Светски куп |
1 | Лисјен Лоран | Франција | 1930 |
100 | Анџело Скјавио | Италија | 1934 |
200 | Хари Андерсон | Шведска | 1938 |
300 | Чико | Бразил | 1950 |
400 | Макс Морлок | Германија | 1954 |
500 | Боби Колинс | Шкотска | 1958 |
600 | Дражан Јерковиќ | Југославија | 1962 |
700 | Пак Сеунг-Зин | Северна Кореја | 1966 |
800 | Герд Милер | Германија | 1970 |
900 | Хектор Јазалде | Аргентина | 1974 |
1.000 | Роб Ренсенбринк | Холандија | 1978 |
1.100 | Сергеј Балтача | Советски Сојуз | 1982 |
1.200 | Жан-Пјер Папен | Франција | 1986 |
1.300 | Гери Линекер | Англија | 1986 |
1.400 | Џони Екстрем | Шведска | 1990 |
1.500 | Клаудио Каниџа | Аргентина | 1994 |
1.600 | Пјер Иса (автогол) | Јужноафриканска Р. | 1998 |
1.700 | Слободан Комљеновиќ | Југославија | 1998 |
1.800 | Бето | Португалија | 2002 |
1.900 | Кристијан Виери | Италија | 2002 |
2.000 | Маркус Албак | Шведска | 2006 |
2.100 | Хавиер Ернандес | Мексико | 2010 |
2.200 | Арјен Робен | Холандија | 2010 |
2.300 | Џермејн Џонс | САД | 2014 |
2.400 | Лука Модриќ | Хрватска | 2018 |
2.500 | Фахредин Бен Јусеф | Тунис | 2018 |
- Највозрасен и најмлад голгетер на светските првенства
Најстар фудбалер кој постигнал гол на едно светско првенство е Камерунецот Роџер Мила, а најмлад е Бразилецот Пеле.
Камерунецот Мила имаше 42 години и 39 дена кога постигна гол на натпреварот против Русија на Светското првенство во САД во 1994 година.
Најмладиот голгетер на светските првенства е Пеле, кој успеа да постигне гол против Велс во 1958 година со само 17 години и 244 дена.
- Фудбалер кој прв успеа да постигне хет-трик на светско првенство
Првиот играч кој постигна хет-трик на светските првенства е Американецот Берт Пејтнод.
Пејтнод на натпреварот на Светското првенство во Уругвај 1930 година постигна три погодоци против Парагвај и влезе во историјата на светските првенства како прв фудбалер кој постигнал хет-трик.
Најбрзиот хет-трик е во сопственост на Унгарецот Ласло Киш, кој постигна 3 гола на средбата против Ел Салвадор за време од 7 минути (во 69., 72. и во 76.) во 1982 година.
- Просинечки постигна гол за двете земји
Роберт Просинечки, кој извесен период беше и селектор во Туркије, е единствениот фудбалер кој успеал да постигне гол за двете репрезентации на мундијалите.
Просинечки постигна гол против Обединетите Арапски Емирати во дресот на Југославија во 1990 година, а тоа му успеа и против Јамајка во дресот на Хрватска во 1998 година.
- Прв автогол на светските првенства
Швајцарецот Ернст Лотшер ја носи титулата фудбалер кој го постигнал првиот автогол.
Лотшер првиот автогол во историјата на светските првенства го постигна на натпреварот против Германија во 1938 година.
- Првиот гол од пенал во сопственост на Росас
Мексиканецот Мануел Росас го постигна првиот гол од пенал во историјата на светските првенства.
Историскиот гол од пенал Росас го постигна затресувајќи ја мрежата на Аргентина на Светското првенство во 1930 година.