Анализа на вести

Средба Османи - Кулеба во Лоѓ

- На средбата Османи ја реафирмирал недвосмислената поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Furkan Abdula  | 01.12.2022 - Обновена : 01.12.2022
Средба Османи - Кулеба во Лоѓ Фото: МНР на РСМ

Üsküp

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во полскиот град Лоѓ, оствари билатерална средба со Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на МНР на Северна Македонија, на средбата Османи ја реафирмирал недвосмислената поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и солидарноста со украинскиот народ во неговата борба за враќање на слободата и надминување на последиците од руската воена агресија.

Османи подвлече дека поддршката на Украина ќе биде примарен приоритет и за време на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ идната година.

„Нашите напори ќе бидат фокусирани на обезбедување континуирано присуство и ангажман на ОБСЕ во Украина, обезбедување програмска поддршка во сите три димензии преку новоформираната Програма за поддршка за Украина, како и на праќање специјален претставник на претседавачот на ОБСЕ за политичко известување“, истакна тој.

Османи изрази подготвеност, идната година да ги стави во функција сите капацитети и механизми на ОБСЕ, со цел помагање на засегнатото население во Украина во справувањето со предизвиците кои произлегуваат од енергетската и прехранбената криза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın