Aynur Ekiz
28 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изрази задоволство од состанокот на севернокорејскиот лидер Ким јонг-ун и претседателот на Јужна Кореја Мун-Џае-ин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го поддржувам овој историски чекор на патот кон развојт на односите помеѓу Кореанците и денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Сакам овој процес успешно да биде и продолжен", наведе Ердоган на официјалниот Твитер профил.
Додаде дека за оваа тема ќе има можност да разговара со претседателот Мун Џае-ин во текот на посетата на Сеул која е планирана да се одржи на 2 мај.
Пораката на турскиот претседател е објавена и на корејски јазик.
Севернокорејскиот челник Ким јонг-ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин потпишаа денеска декларација со која се договорија да работат на потполна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Кина исто така го поздрави состанокот, нарекувајќи го историски момент нивното ракување.