САРАЕВО (AA) - Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (MКСЈ) утре, во среда, ќе ја соопшти првостепената пресуда на Ратко Младиќ, командантот на Главниот штаб на Војската на Република Српска (ВРС) во период на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Четвртата измена на обвинението на МКСЈ од 2011 година го товари Ратко Младиќ по 11 точки.
За геноцид е обвинет за две точки - оној извршен над бошњачкото население во Сребреница во 1995. година, за што постојат и други пресуди на меѓународните судови, како и во шест босанско-херцеговски општини (Фоча, Кључ, Котор-Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница) во текот на 1992. година.
Пет точки од обвинението го товарат Младиќ за злосторства против човечноста (прогони, истребување, убиства, депортација и други нехумани дела). За четири точки е обвинет за кршење на закони или обичаи на војување (убиства, тероризирање, противправни напади на цивили, земање на заложници).
Младиќ според обвинението сноси индивидуална кривична одговорност низ учество во неколку злосторнички здружувања. Исто така се обвинува и врз основа на кривична одговорност на надреден, бидјеќи, како што наведуваат обвинителите „знаел или имал причина да знае дека силите под негова ефективна контрола се подготвуваат да извршат злосторства, или веќе извршиле, а не презел мерки да спречи извршување на злостортва или да ги казни извршителите".
Обвинет е дека од 12 мај 1992. година до 30 ноември 1995 година учествувал во злосторничко здружување кое имало за цел трајно отстранување на босанските Муслимани и босанските Хрвати од подрачјето во БиХ на кое босанските Срби полагале право.
Отприлика во истиот период, учествувал во злосторничко здружување покренување и спроведување на кампања на снајперско делување и гранатирање на цивили во опкружено Сараево. Целта на овој злосторнички чин, се наведува во обвинението, бил ширење на терор меѓу цивилното население.
Младиќ се обвинува дека почнувајќи од деновите кои претходите на 11. јули 1995 па до 1 ноември таа година учесвувал во злосторничко здружување - елиминирање на босански Муслимани во Сребреница со убивање на машки лица и деца, присилно носење на жени, деца и дел од постари машки лица од тоа подрачје.
Се обвинува и за учество во земање на припадници на Обединетите нации за заложници за да го присили НАТО да ги прекине воздушните напади на воените цели на војската на босанските Срби во мај и јуни 1995. година.
Првото обвинение на МКСЈ против Младиќ покренато е пред самиот крај на војната во БиХ, на 25 јули 1995. година. Меѓутоа, Младиќ од излегувањето пред лицето на правдата се криел 16 години.
Уапсен е во Србија на 26 мај 2011. година за време на мандадот на претседателот Борис Тадиќ. Во Хаг е префрлен на 31 мај, а судењето му започна месец дена покасно и траеле пет години.
За информација за лоцирање на Ратко Младиќ, Србија во 2007 година распиша награда од милион евра, а полицијата на Србија го лоцираше и го уапси четири години подоцна во село Лазарево во близина на Зрењанин под лажно име.
„Јас сум генерал Ратко Младиќ и целиот свет го знае тоа", изјави за време на првото појаввуање пред судиите на Хашкиот трибунал.
По петгодишниот сусдски процес во кој се сослушани 377 сведоци на обвинението и одбраната и усвоени речиси 10 илјади доказни предмети, обвинителите Петер Меклоскеј, Алан Тиегер и Дермот Грум побараа Младиќ да биде осуден на доживотна казна затвор.
Граѓаните на Сараево првите денови од војната ги помнат по пресретнатиот разговор на Младиќ со радио врска во кој им наредува на артилериските единици распоредени по ридови околу градот гранатирање на сараевските населби Велешиќ и Пофалиќ и улиците во центарот на градот, како и испукување на плутони на зграда на Претседателство на БиХ.
„Велушиќе, тепај Велушиќе! ... Тепај Велушиќе и Пофалиќе. Таму нема многу српско население", им порачуваше преку радио врска на своите војници во ноќта на 28. нај 1992. година, а неговата одбрана во текот на судењето во Хаг тврдеше дека се работи за „монтирана" снимка.
Сараево беше под опсада, поголем дел од градот е без вода, храна, лекови, струја, изложено на гранатирање и снајперирање на цивили. И тоа траеше 1.425 дена.
Повеќе од 10.000 цивили се убиени, од нив 1.600 деца.
Гранатирање на пазарот Маркале 1994. година кога загинаа 66, а ранети беа 140 лица, како и масакарот пред Градскиот пазар 1995 година кога се убиени 43 лица, а ранети 90 лица, се наоѓаат меѓу обвинетите на Хашкиот трибунал против Младиќ.
Крвавиот поход на војската предводена од Младиќ по БиХ, како одминуваа воените години, стануваше уште покрвав, а врвот беше во Сребреница, која војската на Република Срспа ја зазеде во јули 1995. година.
„Еве не на 11. јули 1995 година во српска Сребреница. Во пресрет на еден голем српски празник, на српскиот народ му го подаруваме овој град и конечно, дојде моментот, по бунтот против сите дахии, на Турците да им се осветиме на овој простор", рече тогаш Младиќ, а пренесе една од телевизиите..
Потоа на своите војници им издаде наредба да тргнат кон Поточари каде во базата на ОН и околу неа беа засолнети илјадници бегалци од Сребреница и источна Босна, повеќето муслимани - Бошњаци. Она што следуваше во наредните неколку дена во и околу Сребреница резултираше со смрт на повеќе од осум илјади Бошњаци, повеќето од нив мажи и деца.
„На ден 12. јули 1995 година, силите кои учествуваа во нападот на Сребренива започнаа да ги разделуваат сребреничките деца и мажи од жени и деца. На дел од постарите мажи им беше допуштено да останат со семејствата. Повеќе од илјада машки лица и машки деца поднесени се во заробени во Поточари. Истиот ден, силите кои учествуваа во нападот на Сребреница почнаа со протерување на жени, деца и дел на постарите машки лица од енклавата ... За време на операцијата на присилно преместување и по неа, погубување на мажи и машки деца, босански Муслимани, извршувано е преку 'ситуациони' убиства... силите коишто учествуваа во нападот на Сребреница заробија илјадници мажи и машки деца кои се обидоа да избегаат од енклавата или им се предале ... пред погубување се претепувани. На ден 13.јули, силите коишто учествуваа во нападот на Сребреница започнаа со организирани погубувања на машки лица и момчиња кои се одделени и во заложиштво, како и оние кои се предале или се заробени. Жртвите на тие погубувања се погребани, а дел од нив подоцна е ексхумиран и повторно погребан во обид да се сокријат злосторствата", се наведува во обвинението.
На спомен-плочата во меморијалниот центар Сребреница-Поточари се наоѓа бројот од 8.372… убиени. Семествата сеуште трагаат за исчезнатите.
Младиќ се обвинува и за „заложување на илјадници босански Муслимани и босански Хрвати во заложнички објекти во животни услови смислени на начин да доведат до нивно физичко уништување", во логорите Мањача,Омарска, Кератерм, Трнопоље, КП дом во Фоча и Батковиќ.
Ратко Младиќ е роден во општина Калиновиќ во Босна и Херцеговина, родно село Божановиќи го напуштил на 15 години. Се обрзувал на воена академија на тогашната Југословенска народна армија во Белград, после што станал старешина во ЈНА.
Младиќ во војната на подрачјето на поранешна Југославија, 1991. година е поставен за командант на 9. корпус на ЈНА во Книн во Хрватска, тогашен полковник, кон почетокот на 1992. година унапреден е во чинот генерал-полковник. Од мај 1992 година ја извршува должноста во командата на Втората воена област на ЈНА во Сараево. Во истиот месец, по формирање на Војската на РС, Радован Караџиќ го именуваше за командант на Главен штаб на Војската на Република Српска. На оваа должност останал до ноември 1996. година, а две години претходно го доби чинот генерал-полковник.
Поранешната претседателка на Република Српска Билјана Плавшиќ, која подоцна се предаде на Хашкиот трибунал осудена е за воени злосторства во едно од интервјуата рече: „Го сретнав еднаш како претседател на Републиката (Српска) барав да потпише оставка. Беше тежок момент, но потпиша".
Пресудата на Младиќ, ќе му ја изрече тричлен судски совет МКСЈ во составот Алфонс Ори (претседател) и судиите Бакон Молото и Кристоф Флуџ.
news_share_descriptionsubscription_contact
