СКОПЈЕ (АА) – ЏИХАД АЛИУ- Претседателот на претставништвото на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) за Балканот, Билал Кара, истакна дека балканските народи, без разлика дали се турски државјани или не, бараат и посакуваат референдумот да заврши со гласање со „да“ .
Кара, во разговор за Anadolu Agency (AA), нагласи дека Балканот е многу значаен географски регион за Турција, и оти Турција има многу сериозни политички и економски односи со земјите во регионот.
Тој истакна дека референдумот во Турција што ќе се одржи на 16 април е важен и за Балканот, и дека денес Турција е на првото место меѓу најзначајните актери на Балканот, како од политички така и од економски аспект.
Кара нагласи дека присуството на Турција, со економијата којашто расте во последниве години, веќе започна да се чувствува на Балканот и тие како МУСИAД веруваат оти овој процес на референдум е многу значаен.
Уставните промени, како што вели Кара, се од суштинско значење за Турција којашто расте и се развива. Тој посочува дека во 21. век Турција не може да се управува со тесниот модел на сегашниот устав.
„Балканските народи, без разлика дали се турски државјани или не, бараат и посакуваат референдумот да заврши со гласање со ‘дa’, бидејќи веруваат дека политичката и економската стабилност во Турција ќе донесе политичка и економска стабилност на балканските земји. Евентуалната вознемиреност или хаотична состојба во Турција, дефинитивно ќе влијае и на Балканот. Веруваме дека со реализирањето на уставните промени како резултат на референдумот, нашата емотивна врска којашто се темели на вековното минато на Балканот, сигурно ќе биде поставена на поцврста и постабилна основа“, рече Кара, кој истакна дека во оваа насока реализирале многубројни активности.
- „ФЕТО им се заканува на бизнисмените“
Кара се осврна и на структурата на терористичка организација ФЕТО на Балканот. Тој вели дека структурата на ФЕТО на Балканот датира од пред 15-20 години, кога претставниците на ФЕТО дошле тука и направиле сериозни инвестиции во овие земји во областа на образованието.
Тие, како што рече Кара, инвестирале и во други различни сектори, и како резултат на тоа, добиле економска и политичка моќ во овие земји. Тој истакнува дека во оваа насока, активностите на МУСИАД на Балканот се од витално и од стратешко значење и нивните активности нема да бидат во корист на ФЕТО.
Кара вели дека почнале да ги приметуваат овие реакции, и истакна: „Нѐ информираа дека во некои земји бизнисмените се двоумеле дали да бидат членови на МУСИАД, и дека ним им се заканува ФЕТО. Мисионерските заедници како ФЕТО со години ги искористувале бизнисмените од економски аспект, и ги третирале како робови. Ова го видовме кога започавме со активностите на МУСИАД во Балканот“.
Исто така, бизнисмените, како што вели Кара, навистина сакаат да бидат членови на МУСИАД, но ФЕТО и другите мисионерски заедници како ФЕТО им се закануваат за да не се оттргнат од нивната хегемонија, применуваат санкции кон нив и се трудат да ги задржат далеку од МУСИАД.
Како што рече Кара, ФЕТО е има голема стратешка моќ во одредени земји на Балканот, односно поседуваат бирократска и економска моќ во овие земји и дека покрај сите предупредувања на Турција, институциите и здруженијата на ФЕТО и понатаму се присутни во овие земји.
Кара истакна дека од економски аспект, веројатно МУСИАД има важна задача во поглед на тоа дека зголемувањето на активностите на оваа асоцијација на Балканот има големо значење за формирањето на една безбедна порта за бизнисмените што влегле во хегемонијата на ФЕТО, а сакаат да излезат од таму.
Задачата на МУСИАД, како што вели Кара, е да ги спасат овие бизнисмени од ‘канџите’ на ФЕТО и во таа насока, истакнува тој, ќе се потрудат да бидат алтернатива за овие бизнисмени.
- Од географски аспект, Македонија се наоѓа во срцето на Балканот
Кара истакна дека главниот град на Македонија, Скопје, го избрале како стратешки центар на МУСИАД на Балканот. Тој вели дека причината за оваа одлука е дека Македонија има стратешка позиција, во срцето на Балканот.
„Ако не ја земеме предвид кризата со името што Македонија ја има со Грција, Македонија е земја што нема сериозни проблеми со соседните земји. Тука заедно живеат многу етникуми. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци... Во таа смисла, Македонија можеме да ја гледаме како Балканот претставен на мало“, рече Кара, истакнувајќи дека тие обезбедиле за бизнисмените лесно да нудат услуги и во другите земји.
Исто така, зборувајќи за политичката криза во Македонија, Кара посочи дека не може да се каже оти ефектот на политичката криза нема да се рефлектира во економијата.
„Моментално, економскиот живот во Македонија е под сериозно влијание на актуелната политичка криза. Моменталната техничка влада, колку и да презема мерки за трговскиот живот да не трпи влијае од кризата, населението се двоуми во економските активности поради актуелната политичка несигурност. Нашата желба како претставници на деловниот живот е во Македонија најпрвин да се формира долгорочна и трајна влада, и колку што е можно поскоро да се применуваат економските реформи од кои моментално Македонија има потреба. Македонија е една многу значајна земја за Балканот. Политичката стабилност во Македонија ќе влијае на индиректен начин и на другите земји во регионот“, рече Кара, истакнувајќи дека нивната желба во моментов е во Македонија во најскоро време да надвладее политичката и економската стабилност.
Кара пренесе дека продолжуваат со работите за кризата да не влијае на членовите на МУСИАД на Балканот.
Зборувајќи за активностите на МУСИАД во Албанија и во Косово, Кара истакна дека пред неколку недели потпишале договор за соработка со Трговската и индустриската комора на Тирана во Албанија, како и со Стопанката комора на Косово.
Кара истакна дека на панел-дискусијата што ќе се организира во Истанбул за инвестициите на Балканот ќе ги поканат и претседателите на овие две институции, така што ќе имаат шанса да им ги објаснат можностите за инвестирање во Косово и во Албанија на членовите на МУСИАД.