Zülfiya Yakup
24 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ПРИШТИНА (AA) – Полицијата на Косово уапси тројца пратеници на опозициското Движење „Самоопределување" пред Собранието на Косово, кога тие доаѓаа на денешната седница, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата ги приведе Албин Курти, Албулена Хаџиу и Доника Кадај-Бујупи врз основа на судски налог за апсење затоа што не се појавија на судското рочиште во врска со предметот фрлање солзавец во салата на Собранието на Косово.
При апсењето на Курти, неговите колеги се обидоа да ги спречат полициските службеници и во тој момент полицијата употреби и бибер-спреј.
Висар Имери, претседател на „Самоопределување“ пред Собранието изјави дека пратениците на неговата партија се уапсени на брутален начин, влегувајќи на седница на Собранието на Косово, и дека тоа е политичка наредба.