Besar Ademi
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Вицепремиерот на Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на презентацијата на владиниот План 3-6-9 пред новинарите, истакна дека се усвоени околу 85 отсто од мерките за коишто беше задолжена Владата, и изрази задоволство за имплементацијата на првиот дел од овој план, јавува Anadolu Agency (AA).
Османи нагласи дека со завршувањето на локалните избори, констатирале оти го затвораат првиот дел од планот 3-6-9, чија цел е создавање амбиент за фер и демократски избори. Според него, првичната процена на ОБСЕ/ОДИХР е дека изборите повторно ја вратија довербата во изборниот процес, и дава преглед за квалитетот на локалните избори.
„Наредните шест недели се одлучувачки за судбината на наредните шест месеци, додека наредните шест месеци се одлучувачки за судбината на државата на долг рок што се однесува до евро-атлантските перспективи. 2018 година е една историска можност за земјата за движење кон Европската Унија (ЕУ), но зошто да не и НАТО“, рече Османи.
Османи посочи дека започнува другата фаза, фазата на вториот и третиот дел, каде што треба да се реализираат суштински реформи, особено во реформите во судството, разунавачките служби и во јавната админситрација.
Вицепремиерот Османи истакна дека во декември треба да се реализираат конкретни законски проекти во судството, разузнавачките служби и во јавната админситрација.
„Она што е важно е сега да се постигне еден општествен консензус, консензус во аспект на вклучување на опозицијата во делот на усвојување на овие реформи, но секако и граѓанскиот сектор е многу важен, било во подготовка или спроведување на овие реформи“, додаде Османи.