İzzet Mazi
02 Февруари 2018•Ажурирај: 03 Февруари 2018
KИЛИС (AA) - ИЗЕТ МАЗИ -
Ранетиот терорист од ПЈД/ПКК во судирот со безбедносните сили, кој беше заробен во регионот Африн во Сирија, истакна дека терористичката организација им дистрибуира оружје на селата што ги окупира и дека најмалку по два или три члена на терористичката организација се присутни во секоја куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вториот ден од операцијата „Маслинова гранка“, што се спроведува со поддршка на Сириската ослободителна армија (FSA), Турските вооружените сили (ТСК) го ослободија од терористичката организација ПЈД/ПКК селото Шејхозор во Африн.
Во меѓувреме, терористот Махмуд Мохамед, кој беше повреден во левата нога во операцијата во селото, откако беше донесен во Турција на лекување, даде изјава на жандермеријата.
Махмуд изјави дека граѓанската војна започнала кога тој работел како земјоделец во градот Кестеле и поради тоа заедно со сопругата и деветте деца се населиле во селото Шејхозор во Африн.
Махмуд рече дека по определен период контролата врз регионот ја презела ПКК, која потоа го сменила името во терористичка организација ЈПГ.
Членот на терористичката организација ПЈД/ПКК Махмуд, ги даде следните информации во својата изјава:
„Пред неколку години дојдоа некои луѓе од ЈПГ. Имав 9 деца, а синот и ќерката се приклучија на ЈПГ. Мојата ќерка беше повредена за време на акциите во областа Африн, и слушнав дека не направиле ништо за да се излечи. Јас ја зедов ќерка ми од нив и потоа почна да живее со нас. Имаше 60-70 терористи од ЈПГ во секое село и сите беа вооружени. ЈПГсакаше да одиме на терен за да собираме информации и да им даваме оружје на селаните. Ги запиравме возилата што минуваа и ги идентификувавме, а информациите ги пренесувавме до Мехмеди Пајрет, којшто е член на ЈПГ.“
- Ги собираат младите -
Махмуд истакна дека лидерот на терористичката организација со кодно име „Шабу“ собира информации за младите луѓе што можат да дојдат до оружје, за да ги вклучи во организацијата. Тој сподели дека неговото семејство го напуштило селото и се населило во регионот Џиндерес на денот на операцијата „Маслинова гранка“.Терористите во регионот, исто така, избегале кон Џиндерес кој е под контрола на ПЈД/ПКК.
Махмуд нагласува дека се кае за учеството во терористичката организација.
Членот на терористичката организација Махмуд, кој се наоѓа во притвор, ќе биде упатен на судење по завршувањето на истражната постапка.