Fatjon Cuka
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 6 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 1.143, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа биле извршени 102 тестирања за Ковид-19, од кои 6 биле позитивни.
Се нагласува дека моменталната епидемиолошка состојба во земјата е стабилна.
Според соопштеното, во последните 24 часа регистирани се уште 5 оздравени пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани лица во земјата се зголеми на 877.
Досега во земјата се откриени вкупно 1.143 случаи со Ковид-19, додека моментално има 233 активни случаи.
Меѓу другото, во Албанија досега се извршени вкупно 16.277 тестирања, а 33 лица починаа поради овој вирус.