Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија
- Албанија ќе биде прва земја кандидат за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопштија од Унгарија која го презеде ротирачкото претседавање со ЕУ
ТИРАНА (АА) - Во Луксембург денес ќе се одржи втората меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската Унија (ЕУ), на која ќе бидат отворени преговорите, известува Анадолу.
Албанија ќе биде прва земја кандидат за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопштија од Унгарија која го презеде ротирачкото претседавање со ЕУ.
Кластерот 1 ги опфаќа фундаменталните реформи и го отвора патот за почеток на преговорите за поглавјата од другите кластери.
Првиот кластер, наречен „фундаментални прашања“, ја претставува најважната област имајќи предвид дека ги содржи поглавјата што се однесуваат на демократските институции, владеењето на правото, судството, политичките и економските критериуми, реформата во јавната администрација, јавните набавки, финансиската контрола и статистиката.
По воведувањето на ревидираната методологија за пристапните преговори во 2020 година, поглавјата за преговори се поделени во шест тематски групи, односно кластери, и тоа: фундаментални прашања, внатрешен пазар, конкурентност и инклузивен раст, зелена програма и одржливо поврзување, ресурси, земјоделство и кохезија и надворешни односи.
Албанија поднесе барање за членство во ЕУ во април 2009 година, а статус на земја кандидат ѝ беше доделен во јуни 2014 година. Во јули 2022 година ЕУ ја организираше првата меѓувладина конференција со Албанија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.