Fatjon Cuka
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ТИРАНА (АА) - Основиот суд за тешки кривични дела во Тирана го прогласи за виновен поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, по завршувањето на судењето по обвиненијата за неколку кривични дела, но го осуди за само едно од нив, јавува Anadolu Agency (AA).
По маратонската седница, Судот донесе конечна пресуда за условна казна на период од 3 години, за злоупотреба на службената должност.
„Судот го прогласи за виновен осомничениот Саимир Тахири за кривично дело злоупотреба на службената должност и го осуди на пет години затвор. Поради забрзаното судење, тој конечно е осуден на 3 години и 4 месеци затвор. Се наредува суспензија на затворската казна и нејзино преименување во условна казна за период од 3 години, под услов за ова време да не стори друго кривично дело“, се вели во пресудата на судското тело составено од три судии.
Тахири актуелно не е во притвор, а се очекува пресудата да биде обжалена во Апелациониот суд за тешки кривични дела во Тирана.
На Тахири му се судеше и за делата „трговија со наркотици“ и „структурирана криминална група“, за што беше ослободен.
Потсетуваме дека Саимир Тахири ја вршеше функцијата министер за внатрешни работи во периодот 2013-2017 година.