Fatjon Cuka
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, во Атина оствари средба со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рама се состана со неговиот грчки колега во рамки на неговата посета на Грција за самитот меѓу Европската унија (ЕУ) и Арапската лига.
Потсетуваме, во април 2018 година Албанија и Грција го одржаа првиот круг на преговорите за отворените прашања меѓу двете земји.
Од тој период, одржани се некои состаноци и неколку преговори меѓу делегациите, со фокус во постигнување на договор за границите на поморски зони, но и за други прашања.