Besar Ademi
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Пред три години, на 1 октомври 2014 година, отворен е сервисот Anadolu Agency (AA) на албански јазик.
Чекорите кои АА ги презеде во рамките на развојната стратегија и објавувањето на содржини на повеќе јазици во многу краток период, вродија со плод.
Сервисот на албански јазик успеа за време нод три години да исполни голема празнина која беше присутна во медиумскиот простор во регионот.
Сервисот кој прво е отворен во Сараево, а потоа префрлен во Скопје, до денес има објавено 49.389 вести од подрачјето на Балканот, Турција и од светот, како и 29.864 галерии на фотографии и 13.023 видео снимки.
За многу кратко време сервисот на албански јазик стана многу значаен извор на вести на подрачјето на Македонија, Косово и Албанија. Медиумите во регионот продолжуваат да покажуваат големо внимание кон содржините што ги објавува овој сервис.
Секој ден, од канцеларијата на АА во Скопје, се објавуваат над 100 вести на албански и македонски јазик, проследени со содржина на фотографии и видеа, а на сите јазици, дневно, агенцијата го надминува бројот три илјади вести, фотографии и видеа.
Anadolu Agency (AA) своите содржини ги објавува на десет јазици, турски, англиски, арапски, босански, хрватски и српски јазик (BHS), француски, руски, курдски, албански, македонски и персиски.
Инаку, АА е една од десетте најголеми агенции во светот, чија цел е да започне објавувања и на индонезиски и на шпански јазик.