Dzihat Aliju
30 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, ја посети Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, номиниран за Оскар во категориите „Најдобар документарен филм и „Најдобар странски филм“ во нејзиното ново село, јавува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадорот на Турција, Секизќок, кој денеска го посети селото Дорфулија во општина Лозово накај Штип, беше придружуван од Ајтекин Ајден, координаторот на ТИКА во Скопје.

Секизќок, при посетата, на Атиџе и на нејзиното семејство им даде подароци.
Подоцна, амбасадорот Секизќок, Атиџе Муратова и нивната придружба заедно се вратија во Скопје.
Во Скопје ја посетија Старата скопска чаршија и џамијата „Султан Мурат“. Потоа Секизќок, заедно со Атиџе и придружбата отидоа на ручек во резиденцијата на Турската амбасада во Скопје.