İhvan Radoykov
30 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
СОФИЈА (АА) – ИХВАН РАДОЈКОВ -
Бугарскиот заменик-премиер и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, истакнувајќи дека Турција одиграла клучна улога во контролата на миграцијата кон земјите на Европската Унија (ЕУ), рече дека Бугарија го цени придонесот на Турција во борбата против илегалната миграција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред посетата на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Бугарија, Захариева даде интервју за Агенција Анадолија, во кое уште еднаш го упати своето сочувство за настраданите во земјотресот во Елазиг и Малатја, повторувајќи дека се подготвени да и помогнат на Турција која е соседна држава на Бугарија.
Подвлекувајќи дека помеѓу двете земји продолжува постојаната добра соработка, Захариева рече: „Нашето партнерство со Турција се заснова на меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи. Со соседот Турција, која е наш НАТО-сојузник, соработуваме во многу области како што се миграцијата, безбедноста, борбата против тероризмот, економијата, енергетиката, земјоделството.“
Осврнувајќи се на тесната соработка на бугарскиот премиер Бојко Борисов, со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Захариева истакна дека и таа секоја година со нејзиниот турски колега Чавушоглу, се среќава на состаноците на НАТО и на Обединетите нации.
Захариева, истакна дека посетата на Чавушоглу на Бугарија на 30-31 јануари е добра можност за оценување на билатералните односи помеѓу двете земји.
„За време на посетата ќе се разговара за сите прашања. Соседните и пријателските земји тоа и го прават. Веруваме дека активниот политички дијалог ќе има влијание на економските односи помеѓу двете земји. Во таа смисла, дипломатијата е клучна“, рече Захаиева.
- „Турција е еден од водечките економски партнери на Бугарија“
Според Захариева, Турција е еден од водечките економски партнери на Бугарија.
„Географската близина и потенцијалот на турската економија ја одредуваат интензивната соработка меѓу бугарските и турските компании“, рече таа.
Министерката Захариева, истакнувајќи дека обемот на трговија помеѓу двете земји, што ја надмина бројката од 3 милијарди евра, продолжува да се зголемува, рече дека минатата година повеќе од 600 илјади турски туристи ја посетиле Бугарија, додека 1 милион 360 илјади бугарски туристи ја посетиле Турција.
Истакнувајќи дека го поддржуваат тоа турските граѓани да бидат ослободени од виза за влез во европските земји, таа нагласи: „Од февруари 2020 година ќе стапат во сила промените на правилата за применување на визи на ЕУ. Според тие правила, децата од Турција до 12-годишна возраст повеќе нема да плаќаат надоместок за виза.“
Во интервјуто, Захариева потенцира дека Турција одиграла значајна улога во контролата на миграцијата кон земјите на ЕУ.
„Бугарија го цени придонесот на Турција во борбата против илегалната миграција. Турција покажува исклучително голема одговорност и солидарност во однос на тоа прашање. Благодарение на соработката, имиграциониот притисок на границата меѓу Турција - Бугарија достигна до нула“, нагласи Захариева.
Наведувајќи дека билатералните односи од областа на безбедноста и миграцијата се активни, Захариева рече дека е планирана средба и помеѓу министрите за внатрешни работи.
- Бугарската министерка не се согласува со размислувањата дека поимот „Западен Балкан“ ја исклучува Турција
Захариева истакнува дека не се согласува со размислувањата дека поимот „Западен Балкан“ ја исклучува Турција, Захариева рече: „Задоволна сум од тоа што имаме заеднички став со Турција и дека Турција ја поддржува европската интеграција на Западниот Балкан. И ние имаме ист став во таа насока. Бугарија ќе ја продолжи својата политика и е подготвена да ги сподели сите свои искуства од интеграцијата во ЕУ, со сите земји што ќе го посакаат тоа, вклучително и со Турција.“
- Честитки по повод 100-годишнината на АА
Захариева, пренесувајќи ги честитките за 100-годишнината на Агенција Анадолија (АА), рече дека посакува да се задржат високите стандарди за квалитетно и објективно известување и да продолжат професионалните успеси.