Stipe Mayiç
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Арбитражниот суд во Хаг денес донесе пресуда во спорот меѓу Хрватска и Словенија на копно и на море, во спорот кој во јавноста се нарекува спор Пиранскиот залив. На читањето на пресудата не присуствуваа хрватските претставници бидејќи Хрватска со одлука на Парламентот одлучи да се повлече од арбитражниот процес, поради како што тврдат,компромитацијата на самиот процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот смета дека на 26 мај 1991 година, на денот на прогласувањето на независноста на Словенија и Хрватска, важечката границата меѓу двете републики е прогласена за меѓудржавна граница.
Одлуката е донесена во комплексен и сеопфатен документ на 350 страници 350, а Арбитражниот суд пред јавноста ја изнесе скратената одлука во најкратки црти.
Клучните делови од пресудата на Арбитражниот суд се однесуваат на правото на Словенија да во спорниот залив има право за излез на отворено море, преку делот на од морето кој Хрватска го смета за своја територија.
Со одлуката на судот, поголемиот дел од заливот, околу две третини, му припадна на Словенија. Границата према Заливот по одлуката на судот оди на реката Драгоња.
Судот утврдил дека Хрватска има право на св. Гера, кој се наоѓа во спорниот дел на границата на земјата, но Судот нема надлежност да бара отстранување на словенечки воени функции од оваа точка.
Претседателот на владата, Андреј Пленковиќ на почетокот на денешната седница на Владата уште еднаш го повтори, во пресрет на денешното објавување на пресудата на Арбитражниот суд во Хаг за спорот на Хрватска и Словенија во врска со разграничувањето, дека одлуката не ја обврзува Република Хрватска.
Хрватска според прелиминарните најави, ќе се залага за решение на граничното прашање по билатерален пат, бидејќи одлуката на судот не е обврзувачка. Трошоците на судот двете страни во процесот ќе ги сносат подеднакво.