Almir Terzic
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Според податоците на Полициската управа Ново Место на граничниот премин за меѓународен железнички сообраќај Добова, вчера во присуство на хрватските полициски органи пристигнаа два воза со околу 2.200 мигранти, и синоќа уште еден со над 1.000, јавува Аnadolu Agency (АА).
Во возот кој во Добова пристигнал вчера претпладне имало 1.103 странци, додека во другиот воз кој пристигнал во Добова во попладневните часови имало 1.099 странци.
Полицајците по извршената полициска постапка и здравстевното и хуманитарно згрижување на мигрантите, кои стигнале до пладне, со воз и автобуси упатени биле кон Јесенице и Караванки.
Според податоците на словенечката полиција од синоќа во прифатниот центар во Добова имало околу 1.100 странци. По згрижувањето и завршувањето на полициската постапка и тие ќе бидат префрлени во внатрешноста на Словенија.
Како што е известена словенечката полиција од хрватските безбедносни органи, синоќа од Славонски Брод во Добова во вечерните часови пристигнал нов, трет воз, во кој имало 1.036 мигранти.
Според податоците на словенечката полиција, утринава во Австрија од Словенија префрлени се 503 мигранти.
Инаку, на покана на словенечкиот генерален директор на полицијата Марјан Франк во Брдо близу Крањ ќе се одржи состанок на високи претставници на полицијата на Словенија, Македонија, Србија и Грција кои ќе разговараат за надзор на границата во светло на зголемените миграциски текови, со кои во последен период се соочуваат овие четири држави.
Целта на средбата е, како што наведе словенечката полиција, пронаоѓање на решение за соработка меѓу државите, со цел миграциите што подобро да бидат следени. Во тој контекст соговорниците ќе раговараат за пружањето помош на Македонија, каде таа проблематика е моментално најизразена.