Furkan Naci Top
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
АТИНА (АА) - Продолжува штрајкот на вработените во комуналните претпријатија во грчките општини, кој започна минатата недела, а речиси илјада демонстранти на повик на Федерацијата на вработените во локалната управа (ПОЕ-ОТА) се собраа денес на плоштадот Караискакис, во Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите потоа маршираа до Министерството за внатрешни работи извикувајќи го слоганот: „Сакал или не, ќе ги продолжиш договорите“, и бараа средба со министерот за внатрешни работи на Грција, Панос Скурлетис.
Откако претходно беше одбиено барањето за состанок, на работниците кои се соочуваат со можноста од губење на своите работни места, тоа ги разлути демонстрантите и доведе до судири со полицијата.
Потоа, делегацијата се состана со министерот Скурлетис, но како што се вели, не е постигнато решение.
Преговарачката делегација најави масовни протести за в четврток и ги повика сите граѓани да се придружат.
И претседателот на Сојузот на грчките општини (КЕДЕ) Јоргос Патулис, за АА изјави дека протестите ќе траат доколку не се постигне конкретно решение.
Поради штрајкот на комуналните работници во Атина и во другите градови можат да се забележат поголеми количини отпад, а непријатниот мирис почна да се шири во неколку населби.
Температурата на воздухот во Атина достигнува и до 35 Целзиусови степени, поради што има потенцијална опасност за хигиената и здравјето на луѓето. Локалните власти ги повикаа жителите да не го исфрлаат сметот од своите домови колку што е можно подолго.
Во моментов, околу 10.000 комунални работници се соочени со можноста да останат без работа.