Furkan Naci Top
23 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
АТИНА (АА) - Во Атина, главниот град на Грција, во знак на протест против приватизацијата на шинскиот превоз, вработените во овој сектор организираа 24-часовен штрајк, што во голема мера го зголеми метежот во сообраќајот во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Синдикатот на вработените од компанијата за урбан железнички транспорт (STASY) соопшти дека во рамките на штрајкот, во текот на целиот ден во градот нема да се во функција метроата, трамваите и патничките возови.
Во соопштението се вели дека одлуката е донесена во знак на протест против приватизацијата, во чии рамки компанијата СТАСИ ќе се соедини со Јавниот транспорт на Атина (OASA). Во соопштението се наведува дека соединувањето ќе доведе до пад на заработката на компанијата.
Покрај проблемите во транспортот предизвикани од штрајкот, се очекува во часовите на почетокот и крајот на работното време да има зголемена густина во сообраќајот.
Претставниците на шинскиот превоз изјавија дека штрајкот ќе се повтори в среда и в петок идната недела.
Минатата година СТАСИ и ОАСА беа префрлени на друштвото за приватизација на државниот имот, познато како „супер фонд“.
Според пакетот за спас којшто е дел од договорот на кредиторите со Грција, која се наоѓа во финансиска криза, голем број значајни јавни компании треба да се приватизираат. Од 2010 година досега, во рамките на 3. пакет за спас, се очекува Грција со приватизацијата да оствари приход од 50 милијарди евра.