Admir Fazlagic
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва околу полноќ се случи судир помеѓу две патнички моторни возила на булеварот „Партизански одреди" во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраќајќата предизвика времен застој и метеж во сообраќајот на една од најфрекфретните улици во градот, а надлежните екипи излегоа на местото на настанот со цел да извршат увид на лице место.
Сеуште нема информации за повредени лица во судирот на двете возила, а може да се воочи дека од судирот е предизвикана сериозна материјална штета на возилата.
Од надлежните институции се очекуваат повеќе информации во наредниот период.