Andelija Stojkovic
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
БЕЛГРАД
Невладината организација „Жени во црно“ денес на белградскиот Плоштад на Републиката ја одбележаа 25-годишнина од геноцидот во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 30 членки на „Жени во црно“ истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Никогаш нема да го заборавиме геноцидот во Сребреница“, „Одговорнот“, „25 години“ и „8.372“.
Учесничките на собирот беа облечени во црно, со бели марами околу вратот и носеа сребренички цвет, симбол на страдањето и геноцидот врз Бошњаците на Сребреница во јули 1995 година.
Координаторката на организацијата „Жени во црно“, Сташа Зајовиќ изјави дека на власт во Србија се наоѓаат исти лица кои одлучувале и во 1995 година.
Во близина на собирот се појавија околу 20 мажи кои извикуваа дека „Сребреница не е геноцид“, како имињата на осудените од Хаг, воениот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и воениот командант на Војската на РС, Ратко Младиќ. Полицијата оваа група ја држеше на оддалеченост од „Жени во црно“.