Andelija Stojkovic
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
БЕЛГРАД (АА) - Српската полиција денес околу 11 часот пронајде две рачни бомби во кутија на Врачар во близина на Белградскиот драмски театар, јавува Anadolu Agency (AA).
До доаѓањето на контрадиверзионата екипа, на лице место обезбедуваа припадници на Полициската станица Врачар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата интензивно работи на расветлување на сите околности на овој настан.