Балкан

БиХ: Последната жртва во поплавите е пронајдена во Јабланица

- Во поплавите и одроните што се случија во Босна и Херцеговина пред десет дена загинаа најмалку 26 лица

Vesna Besic  | 14.10.2024 - Обновена : 15.10.2024
БиХ: Последната жртва во поплавите е пронајдена во Јабланица

САРАЕВО (АА) - Во Долна Јабланица е пронајдено телото на последната исчезната жртва во разорните поплави по која се трагаше, за Агенција Анадолу потврди Сабахудин Спаховиќ од Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ), известува Анадолу.

Според него, тоа е последната жртва на подрачјето на Долна Јабланица по која се трагаше и чие исчезнување е пријавено.

Тој потврди дека сѐ уште се трага по уште едно лице во месноста Бутуровиќ Поље во Општина Коњиц.

Во поплавите и свлечиштата што се случија во Босна и Херцеговина пред десет дена загинаа најмалку 26 лица, 19 во областа Јабланица, четири во Коњиц и три во Фојница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.