Балкан

БиХ: Собир на интелектуалците против изјавите на Шмит, „одбиваме да живееме во заробена држава“

„Одбиваме по секоја цена да живееме во заробена држава и разрушено општество! Одбиваме да завршиме во нацизам со замрзнување и одржување на етнонационализмот!“

Elvır Hodzıc  | 18.10.2024 - Обновена : 18.10.2024
БиХ: Собир на интелектуалците против изјавите на Шмит, „одбиваме да живееме во заробена држава“

САРАЕВО (АА) - Десетици интелектуалци, јавни личности и членови на Асоцијацијата на независни интелектуалци „Круг 99“, како и стотици граѓани денеска се собраа пред Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево во знак на протест поради, како што наведоа, упорното антибосанско, антиевропско и антидемократско дејствување на високиот претставник Кристијан Шмит, јавува Анадолу.

Слични протести на оваа локација имаше и претходно поради одлуките на високиот претставник, а претседателот на Асоцијацијата, Адил Куленовиќ, истакна дека се убедени оти Кристијан Шмит го претставува колапсот на европската цивилизација на босанскиот пример и дека дефинитивно го руши угледот на целата меѓународна заедница.

„Одлуката своеволно да го искористи авторитетот на институцијата Висок претставник за по шест изречени пресуди на Европскиот суд за човекови права, да ја деструира претстојната финална пресуда во случајот Ковачевиќ се доволна причина за тоа. И уште повеќе, поради неговата клучна интенција и отворена намера трајно да ја блокира изградбата на европска, модерна босанска држава и обновувањето на неконфликтното општество“, рече Куленовиќ.

Тој додаде дека сеењето страв од граѓанското инклузивно општество и состојбата на човековите, политичките права и граѓанските слободи, со имплицитни закани за нови насилни конфликти во тој случај, се само обланда за легитимирање на пресудените здружени злосторнички потфати и геноцид.

„Одбиваме по секоја цена да живееме во заробена држава и разрушено општество! Одбиваме да завршиме во нацизам со замрзнување и одржување на етнонационализмот! Цврсто стоиме зад пресудата за случајот Ковачевиќ како патоказ за демократска и просперитетна Босна и Херцеговина. Затоа што тоа е патот кон ЕУ, а интервенцијата на Шмит за останување во позиција на кондоминиум, држава со која управуваат две соседни држави“, порача Куленовиќ.

Слични пораки на собирот испратија и бројни други говорници со критики кон високиот претставник Шмит дека не работи во согласност со својот мандат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.