Mehmet Hatipoğlu
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
АТИНА (АА) - Во експлозија на бомба што се случи во синоќа пред Еуробанка во грчкиот главен град Атина, предизвикана е материјална штета на зградата на филијалата на банката и на околните објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Анонимно лице до еден интернет-портал упатило дојава дека пред Еуробанка, на улица Сантароза, е оставена експлозивна направа. Припадници на силите за безбедност по дојавата ги преземаа сите неопходни безбедносни мерки.
Бомбата е оставена во ранец пред влезот на банката, поради што е причинета штета на предниот дел од зградата.
Никој не презеде одговорност за нападот.