Alma Çekovic
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Патничкиот авион на компанијата "Ryanair", кој требало да лета од Норвешка кон Манчестер, бил евакуиран пред полетувањето поради „сомнително“ однесување на двајца патници, кои биле приведени, соопшти полицијата во Осло, јавува Anadolu Agency (AA).
Евакуираниот авион требало да полета од аеродромот во Риге во близина на норвешката престолнина.
Двајца мажи се приведени поради нивното сомнително однесување, но подоцна биле пуштени, јавуваат британските медиуми.
Полицијата на социјалната мрежа Twitter соопшти дека соостојбата се нормализирала, додека авиокомпанијата "Ryanair" изјави дека предупредувањето било лажно и авионот од Норвешка полетал.
По пребарувањето од страна на екипата за контрадиверзантска заштита, во авионот не бил пронајден сомнителен предмет.
Британските медиуми, повикувајќи се на полициски официјални лица, известуваат дека приведените лица биле државјани на Британија и Шри Ланка.
Наводно, двајцата мажи гласно се расправале, при што бил спомнат зборот „бомба“, неколку минути пред полетување.
Евакуацијата во Норвешка се случи неколку часа по евакуацијата на стадионот „Олд Трафорд” на Манчестер Јунајтед, бидејќи бил пронајден сомнителен пакет, по што е повикана специјална воена единица која ивршила контролирана детонација.
Подоцна е потврдено дека предметот е „случајно“ оставен од приватна компанија која имала безбедносна вежба, во која учествувале дресирани кучиња за пронаоѓање на експлозив.