Ekipa
27 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
ТИРАНА/TУМАН (AA) - Најмалку 41 лице загинаа во разорниот земјотрес кој во вторникот ја погоди Албанија, соопштија албанските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Албанија потврди дека бројот на жртвите од земјотресот кој на 26 ноември ја погоди оваа земја, се зголеми на 41 лице.
Акциите за барање и спасување траат и денес на подрачјето на Туман во Драч. Спасувачи од Албанија, Турција, Косово и други земји ја продолжуваат потрагата по лицата за кои се сомнева дека се наоѓаат под урнатините.
Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека на 750 лица повредени од земјотресот им била дадена лекарска помош во болниците, каде што се лекуваат десетици повредени.
Според официјалните информации на албанското Министерство за одбрана, подигнати се 67 шатори на кампот поставен во Тумана и во близина на оштетените згради, во кои се сместени 700 жители.
Во близина на камповите поставени во градот Драч и некои села, подигнати се 181 шатор, во кои се сместени околу 1450 жители.
Потсетуваме, во текот на дент Албанија беше погодена од уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени со епицентар во Јадранот.