İhvan Radoykov
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
СОФИЈА (АА) - Екологистите им ставија гас-маски на спомениците во знак на протест против загаденоста на воздухот во главниот град Софија, Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на невладината организација „Спаси ја Софија“ на полноќ им ставија маски на спомениците што се наоѓаат на различни места во градот, со цел да укажат на загаденоста на воздухот во градот.
Демонстрантите носеа плакати со пароли од типот „Дишењето може да биде опасно за вашето здравје“, „Софија – главен град со најзагаден воздух во Европа“ и „Загаденоста на воздухот може да покрие сѐ, освен лошата политика“. Тие истакнаа дека загаденоста на воздухот во главниот град достигнала до критично ниво.
Претставниците на невладината организација „Спаси ја Софија“ изјавија дека Софија е главен град со најзагаден воздух во Европа, тврдејќи дека загаденоста на воздухот во градот достигнала до опасно ниво.
Демонстрантите исто така тврдеа дека секоја година 700 лица умираат како последица на загаденоста на воздухот во градот, кој има 1,5 милиони жители.
Претходно беше соопштено дека загаденоста на воздухот била 8 пати повисока од прифатливото ниво на загаденост.