Zülfiya Yakup
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај утре ќе излезе пред францускиот суд за да се изјасни според обвинението од Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Харадинај преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ја предупреди јавноста дека утре на судското рочиште ќе биде претставен материјал од Србија, кој, како што наведе, е исфабрикуван против него. Тој изрази надеж дека следната недела конечно ќе биде завршена судската фарса наметната од Србија.
Рамуш Харадинај на 4. јануари беше задржан од страна на француската полиција на аеродромот во Базел, врз основа на српска потерница поради наводни воени злосторства за време на судирите во Косово. Притоа, на 12. јануари беше условно ослободен и мораше да остане во Франција сѐ до одлуката на судот во врска со барањето на Србија за негово испорачување. Харадинај два пати пред Хашкиот трибунал беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства.