AA
03 Август 2022•Ажурирај: 04 Август 2022
ПОДГОРИЦА (АА) - Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј, изутрина во Подгорица потпишаа Темелен договор помеѓу црногорската држава и СПЦ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за договор кој го одредува односот помеѓу државата и СПЦ, а чиј текст претходните денови беше жестоко критикуван од страна на невладиниот сектор, Црногорската академија на науките и уметностите, но и од страна на одредени политички партии.
„Едно важно прашање се смета за завршено, ад акта. Продолжуваме понатаму, фокусот е на подобар животен стандард за граѓаните“, рече Абазовиќ по потпишувањето на договорот.
На денешното потпишување на Темелниот договор присуствуваа и црногорско-приморскиот митрополит Јоаникие, министерот за земјоделство, Владимир Јаковиќ, министерот за финансии, Александар Дамјановиќ, министерот за здравство, Драгослав Шќекиќ и министерот за човекови и малцински права, Фатмир Ѓека.