Almir Terzic
04 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
Хрватските пожарникари го ставија под контрола пожарот во предградието на Загреб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имено, во предградието на Загреб во средата навечер избил пожар во дворот на едно од претпријатијата, кои хрватските пожарникари успеаја да го стават под контрола во текот на ноќта. Со пожарот цела ноќ се бореа 200 пожарникари и 54 противпожарни возила. Во пожарот нема повредени.
Пожарот изби во дворот на претпријатието во населбата Житњак каде што се запалиле дрвени палети и картонска амбалажа. Огнот брзо се проширил, а пожарникарите успеале да спасат дел од производната сала во исклучително тешки услови.
Во Хрватска, каде што во услови на голема суша и високи температури се борат со бројни пожари, во првите седум месеци оваа година, во однос на истиот период минатата година, регистрирани се 46 отсто повеќе шумски пожари, кои зафатија 70 отсто повеќе вегетација во однос на минатата година.
Минатата година до крајот на јули изгореа повеќе од 16.000 хектари, а оваа година речиси 52.000 хектари. Во Хрватска минатата година се откриени 8.833 пожари, а оваа година, 11.323, што е речиси 30 отсто повеќе.
Во Хрватска сѐ уште нема знаци за дожд, а топлотниот бран продолжува, па надлежните предупредуваат на висока опасност од пожари и повикуваат на одговорно однесување, пренесува „Хина“ (Hina).