Gorana Jakovljevic
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
БЕЛГРАД (АА) - Синоќа во Белград, за време на прославата на Новата година потона сплав. Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, информираше дека во несреќата при потонувањето на сплавот „Фристајлер“ полесно се повредени две лица, известува Агенција Анадолија (АА).
За време на прославата на Новата година, сплавот „Фристајлер“ почнал да тоне, а присутните успеале навремено да го напуштат.
Градоначалникот Шапиќ наведе дека причина за потонувањето било тоа што на сплавот имало два до три пати повеќе луѓе од дозволеното, а доградените понтони на сплавот не биле од иста издржливост како претходните.
Шапиќ најави дека ќе биде спроведена контрола, а ќе има и безмилосни казни, како и одговорност за виновниците.
Градоначалникот на Белград истакна дека најважно е дека нема настрадани, но дека е лошо што сето тоа се случило.