Ahmet Gençtürk
25 Март 2023•Ажурирај: 28 Март 2023
АТИНА (АА) - Во Грција продолжува неодостигот на лекови, објавија локалните медиуми, известува Анадолу.
Есенцијалните лекови и понатаму ги нема во доволни количества на рафтовите, па голем број граѓани ги бараат аптеките да проверат дали нивните лекарства се достапни, информираше Фармацевтското здружение „Атика“.
Сојузот на вработени во јавните болници предупреди дека земјата заостанува зад многу држави во Европската Унија (ЕУ) по бројот на болнички кревети, кој изнесува 3,5 на 100.000 жители, додека во ЕУ просекот изнесува 5,3 кревети на 100.000 жители.
Затворањето на голем број болници и клиники во согласност со условите што ги воведе ЕУ во последната деценија и недостигот на медицински персонал предизвика моментална криза, се вели во соопштението.
Во соопштението се предупредува дека актуелната грчка Влада планира да соедини или затвори повеќе болници.