Балкан

Во поплавите и свлечиштата во БиХ загинаа 23 лица, се трага по пет лица

- Сѐ уште е во прекин сообраќајната комуникација меѓу Мостар и Јабланица, санирани се патиштата меѓу Јабланица и Коњиц и Јабланица и Прозор-Рама, а регионалниот пат Јабланица - Долјани е само делумно прооден.

Kemal Zorlak  | 10.10.2024 - Обновена : 13.10.2024
Во поплавите и свлечиштата во БиХ загинаа 23 лица, се трага по пет лица

МОСТАР (АА) - Според официјалните податоци на Штабот на Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) и МВР на ХНК, 20 лица загинаа во областите погодени од поплавите, известува Анадолу.

Од вкупниот број загинати, седумнаесет лица се од Јабланица, тројца од Коњиц. Според МВР, активна е потрагата по тројца пријавени исчезнати во Јабланица и по двајца во Коњиц. Од 20 загинати, едно тело сѐ уште не е идентификувано, соопшти Владата на ХНК.

Заедно со тројцата загинати во Фојница, според официјалните податоци, во минатонеделните катастрофални поплави и свлечишта, во БиХ загинаа 23 лица.

Сѐ уште е во прекин сообраќајната комуникација меѓу Мостар и Јабланица, санирани се патиштата меѓу Јабланица и Коњиц и Јабланица и Прозор-Рама, а регионалниот пат Јабланица - Долјани е само делумно прооден.

Од Хрватска пристигнаа 15 станбени контејнери, а од Туркије вечерва се очекуваат да пристигнат уште 20. Градежните оперативци на терен работат на подготовки за поставување на контејнерска населба во Горанско Поле.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.