Vesna Besiç
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ПОТОЧАРИ (AA) - На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, денес е извршена погребната церемонија и за 71 жртва од геноцидот што во јули 1995 година се случи во Сребреница во „заштитената зона“ на Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Верската молитва ја предводеше реису-л-улема на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин ефендија Кавазовиќ.
Илјадници луѓе пристигнаа во Поточари за да им оддадат почит на жртвите од геноцидот во Сребреница. По комеморацијата, во Поточари се клањаше погребната молитва џеназе-намаз, а потоа започна изнесувањето на табутите од Меморијалниот центар.
Преживеаните сребреничани, членови на семејствата на убиените, пријатели и соседи на раце ги пренесоа зелените табути со посмртните остатоци, каде што жртвите од геноцидот ќе најдат конечен мир по повеќе од две децении.
Најмладата жртва што ќе биде погребана денес во Поточари е 15-годишниот Дамир (Кемал) Сулиќ, чии посмртни остатоци се пронајдени во масовната гробница Бљечева кај Братунац, а најстарата жртва е Алија (Хусо) Салиховиќ, роден 1923. година. Неговите посмртни остатоци се пронајдени се масовните гробници Зелени Јадар и Пусмулиќи.
На гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница – Поточари досега се погребани 6.504 жртви од геноцидот, а се трага по уште околу илјада. Со жртвите што денеска ќе бидат погребани, бројот на оние кои мирот го пронајдоа на гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари изнесува 6.575.