Ekipa
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 387 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата достигна 55.127, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 35 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата од овој вирус се искачи на 1.546.
Денес, Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени лица од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 32.894.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија е 20.687.
Досега во земјата реализирани се вкупно 313.519 тестирања за Ковид -19, од кои во последните 24 часа направени се 1.176 тестирања.