Ekipa
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 572 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 184.277, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 30 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.307.
Институтот за јавно здравје регистрира 694 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 165.077.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 12.893.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.511 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирања.