Ekipa
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 577 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 182.450, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 30 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.214.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.010 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 163.070.
Во моментот, бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 13.166.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.362 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирања.