Admir Fazlagic
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
СКОПЈЕ
Во Спортскиот центар „Борис Трајовски” во Скопје денеска започна масовната имунизација на населението за коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од таканаречена критична инфраструктура – вработени во Министерството за внатрешни работи, Армијата, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче во однос на вакцинацијата истакна дека истата непречено се довива како во здравствените домови низ државата каде во тек е вакцинација на граѓани над 77 години, исто така и во Спорскиот центар „Борис Трајковски", каде на еден час се вакцинираат по 300 граѓани, а каде е планирано е дневно да се вакцинираат до 3000 граѓани.
Од почетокот на вакцинацијата во Северна Македонија досега вакцинирани се 10.000 граѓани.
Министерот Филипче, упати апел граѓаните да ги почитуваат овие нови мерки, бидејќи индивидуалната одговорност е исклучително битна.
„Само така бројките значајно ќе се намалат во следниот период и за пократко време ќе излеземе и од овој трет бран", рече Филипче.
Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од Србија, а на 17 февруари започна процесот на вакцинација на медицинските лица.
Во Република Северна Македонија досега регистрирани се 3.977 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 135.143.