Husamedin Gina
13 Април 2020•Ажурирано: 14 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија потврди 4 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 38, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Исто така, во писменото соопштение од Министерството се наведува дека во изминатите 24 часа регистрирани се 26 нови случаи позитивни на вирусот. Според тоа, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 се искачи на 854.
Според Министерството, во последните 24 часа излекувани се тројца пациенти заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани се искачи на 44.
Во изминатото деноноќие направени се 303 теста, и со нив вкупниот број на тестирања за Ковид-19 е зголемен на 8.552.
Потсетуваме дека од минатата недела во Северна Македонија стапија во сила нови мерки за ограничување на движењето на граѓаните, со кои се ограничува слободното движење во текот на работните денови од 16:00 до 05:00 часот и за време на викендите со почеток од петок во 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот.