Furkan Abdula
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 444 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 211.382, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 11 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се пет починати лица со датум на смрт од 09.11. до 16.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.406.
Институтот за јавно здравје регистрира 467 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 195.624.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.352.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.938 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања.