Bojana Stojanovic
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатото деноноќие од коронавирусот почина уште едно лице, а вирусот е дијагностициран кај уште 59 лица, со што во земјата моментално има 545 активни случаи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е 12.310.
Од вчера, тестирани се 1.802 лица, од кои 59 се позитивни на коронавирусот.
Откако во изминатите 24 часа од Ковид-19 почина уште едно лице , бројот на смртни случаи се искачи на 254. Процентот на смртност е 2,06 проценти.
На респиратори и понатаму се 15 пациенти, а досега на вирусот во земјата се тестирани вкупно 302.928 граѓани.