Zylfije Adem Jakupi
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Косово Хашим Тачи соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Косовскиот претседател на социјалната мрежа Твитер напиша дека реализирал телефонски повик со претседателот Ердоган со кој разговарал за билатералната соработка и од кого побарал помош за спречување на ширњето на коронавирусот (Ковид-19) во Косово.
„Косово ужива голема корист од Турција во оперативна и логистичка помош во напорите да се порази Ковид-19. Неизмерно сум ѝ благодарен на Турција и на претседателот Ердоган на поддршката", напиша Тачи.
Во Косово од коронавирусот заразени се вкупно 20 лица и сите се во стабилна сосотјба, а претседателот Тачи пред два дена објави дека од Собранието ќе побара прогласување вонредна состојба поради ширењето на епидемијата Ковид-19.